Карлеуша се соблече на плажа и никого не остави рамнодушен – фановите запрепастени, што ли ќе каже Душко за ова издание?!
Познатата пејачка ужива во Дубаи, а една фотографија што ја објави на социјалните мрежи никого не остави рамнодушен.
Најголемата балканска поп-дива, Јелена Карлеша, повторно е во центарот на вниманието, и тоа заради одморот за кој платила 11.000 евра како и заради купувањето на корсетот и ракавиците за кои дала исто толку пари.
Но покрај овие луксузни парчиња, Карлеуша се пофали и како изгледа во својот нов костим за капење и ги збудали сите.
Таа позираше во својот црн минијатурен модел, а во центарот на вниманието беше нејзиното брутално тело.
Пред неколку месеци пејачката се најде на мета на критиките дека ги обработува своите фотографии во Фотошоп, а како доказ беа понудени снимки од нејзините настапи на кои што е оскудно облечена.
Но овој пат, облечена во провокативните бикини, Карлеуша покажа дека е во топ форма и дека никогаш не изгледала подобро.
Пејачката со новите фотографии во преден план го истакна своето деколте, кое делумно го покри со бикини.
„Какво тело има оваа жена“, „Изгледа совршено“, „Преубава е“, „Ех мој Душко, погледни каква убавица изгуби“, беа само некои од коментарите што популарната пејачка ги доби од обожавателите под своите фотографии.
Потсетуваме, ЈК пред неколку дена заедно со ќерките Атина и Ника замина на одмор во Дубаи. Тие таму заедно ги поминаа Велигденските празници, а пејачката покрај уживањето времето го користи и за шопинг на луксузни парчиња од најпознатите бутици на ова место.
Таа се почести со боди од „Долче и Габана“ украсено со камчиња за кое платила повеќе од половина милион денари, додека за ракавиците од истиот бренд и со идентични мотиви потрошила „само“ 157.000 денари.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша