Карлеуша се прошета во фустан БЕЗ долна облека и направи хаос на интернетот – дивата изгледа брутално во ова издание
Балканската поп-дива Јелена Карлеуша и овој пат никого не остави рамнодушен кога се пофали со својот нов фустан.
Имено, таа објави неколку снимки на својот Инстаграм со кои посебно ги освои претставниците на посилниот пол.
Таа позираше во фустан со длабоки отвори низ целиот крој кои повеќе откриваа отколку што сокриваа.
Карлеуша овој провокативен фустан го носеше во комбинација со црни сандали на платформа и црни очила во форма на маска за скијање, а целото издание дополнително го „подигна“ со тоа што под провокативниот фустан не носеше буквално ништо и предизвика лавина од реакции.
Позната по своите скандалозни изданија таа овој пат успеа да се надмине и самата себеси и да ги запрепасти сите.
Таа во оваа креација настапи во Швајцарија, а оние што беа во првите редови секако беа изненадени од ова нејзино издание.
Експлицитниот модел ги криеше само нејзините интимни деловни, а Карлеуша го носеше гордо и блескаше како вистинска дива.
И додека едни секојдневно ја критикуваат дека претерува со својот моден израз таа постојани потенцира дека треба да се прави разлика помеѓу сценскиот настап и она што го носи во приватниот живот.
Но таа изгледа провокативно и кога е закопчана до грло, а за комбинациите што ги носи имаат пишувано светските модни магазини.
Затоа нема да се изненадиме ако и со ова издание заврши на страниците на некој познат магазин и повторно ја споредат со стилот на некоја од ѕвездите како Ким Кардашијан, Бијонсе, Лејди Гага или Карди Би.
Како Карлеуша изгледаше во ова свое издание и зошто сите зборуваат за него погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша