Карлеуша се врати од Кина и веднаш ги „шокираше“ фановите – мажите НЕ можат да престанат да го гледаат новото видео
Јелена Карлеуша се врати од Кина и веднаш ги израдува своите верни обожаватели на социјалните мрежи.
Откако направи кратка пауза додека беше во Кина кај сопругот Душко Тошиќ, Келена Карлеуша повторно сериозно им се врати на социјалните мрежи, односно поточно на објавување фотографии и видеа во своите провокативни изданија за кои и нема рамен на овие простори.
Нејзините фанови беа воодушевени гледајќи ја својата дива во тесен фустан со минимални прерамки, а Карлеуша го носеше толку спуштен што со него одвај ги покри своите бујни облини. Но она што верните обожаватели го забележаа веднаш е дека пејачката не носи градник под фустанот, а таа целото издание го зачини со нејзиниот страсен поглед…
На главата имаше перики, па откако беше задоволна од снименото, материјалот го објави на Инстаграм.
„Brown Eyes“, напиша таа под видеото, а многумина коментираа дека покрај вакво тело тоа воопшто и не го забележале.
https://www.instagram.com/p/B0jMrHkocvz/
Инаку, Карлеуша некое време беше на посета на својот сопруг Душко Тошиќ во Кина. Тие заедно со своите деца беа сместени во еден луксузен хотел, а Карлеуша воодушевена од гламурот што го затекна таму, постојано објавуваше фотографии од нивниот заеднички одмор.
Но на овие фотографии Јелена и Душко ниту еднаш не се заедно, туку Душко најчесто позираше со своите наследнички, па многумина се прашуваат дали тие навистина ги „испеглале“ односите по големите проблеми во кои се најде пејачката поради наводната „романса“ со босанскиот фудбалер и колега на Душко, Огњен Врањеш.