Карлеуша позира во брутално издание, па ја обвинија дека ја копира контроверзната швалерка на нејзиниот сопруг (фото)
Карлеуша во поприлично провокативно издание
Пејачката се појави во тесен корсет, со кој го истакна своето бујно деколте, а околу вратот носеше впечатлива чокер огрлица. Таа ова провокативно издание го носеше со мрежести хулахопки и црни, високи чизми.
Карлеуша настапи во ова екстравагантно издание, а потоа на социјалните мрежи објави и неколку фотографии на кои лежи на клавир и прави гримаси со лицето.
Инаку, пејачката деновиве повторно се најде во центарот на вниманието откако во медиумите како бомба одекна веста дека контроверзната старлета Сораја Вучелиќ тајно се гледала со нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ.
Нејзиниот сопруг наводно и подарил дијамантска нараквица вредна 60 илјади евра на Сораја, така што сигурно нема да и биде сеедно што деновиве на социјалните мрежи некои ја споредуваат токму со познатата старлета.
Откако објави фотографија на која позира во кревет во фустан со кој до израз дојде нејзиното бујно деколте, корисниците на социјалните мрежи и забележаа за сличноста со фотографијата што Сораја ја објави само неколку дена претходно. Во прашање е дури и истиот фустан само во друга боја, а разликата е во тоа што Сораја нема панделка околу вратот.
„Опа, ЈК; ја копира Сораја. Нос, јаболчици, сини очи, коси очи, чокер, бујно деколте, силиконска уста, Јецо, па тоа е заштитниот знак на Сораја“, коментираа тие