Карлеуша откри со кого се гушка во својот дом – емотивната објава никого не остави рамнодушен
Ова на многумина ќе им го разубави денот
Фотографијата никого не остави рамнодушен
Балканската поп-дива Јелена Карлеуша важи за голем борец за правата на животните и тоа на сите им е познато.
Но она што малкумина го знаат е дека пејачката во својот дом неодамна вдоми едно кученце на кое му го спаси животот.
Имено, пејачката не само што постојано зборува за вегетаријанство, таа и се залага кучињата да се вдомуваат, а не купуваат.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Впрочем тоа го покажа и самата кога го вдоми својот миленик кој имаше многу тешка судбина пред да дојде во нејзиниот дом.
На кученцето двете предни нозе беа масакрирани како и опашката, но благодарение на помошта што му ја овозможи пејачката, тоа сега е во многу подобра состојба и ужива во дом исполнет со љубов.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Карлеуша му го даде името Алфа, според еден од нејзините последни албуми, и му обезбеди храна, лекови, но и протези на нозете, така што кученцето сега слободно може да се движи и да живее со полн капацитет.
@nisi.u.pravu
А колку Јелена си го сака своето милениче пејачката покажа и со својата последна емотивна објава.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Имено, таа сподели фотографија на која се гледа како се гушка со Алфа, а оваа нејзина објава никого не остави рамнодушен.
Потсетуваме, Јелена Карлеуша неодамна најави дека ќе го изгасне профилот на Твитер, но пред тоа во свој манир се огласи во врска со наводите дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ наводно е во врска со една пејачка. Таа тогаш потврди дека станува збор за невистини, но истовремено во шега им се извини на сите оние што нејзината објава ги вознемирила.