Карлеуша направи „лом“ откако професорот по историја од Македонија запеа на сцената во Ѕвездите на Гранд
Бобан Цаневски со песна од Тоше Проески пред неколку години ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“
Бобан Цаневски поранешниот победник во „Никогаш не е доцна“, пред седум години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Малкумина се сеќаваат на неговите настапи во ова популарно музичко шоу кога со својот талент исто така ги воодушевуваше сите.
Но еден негов настап на грандиозната сцена се уште се врти на Јујуб, кога тој ги изведе песните „Пјесмо моја“, и „Срце није камен“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тогаш во бекстејџот го поддржуваше неговата сопруга, а во жирито беа Аца Лукас и Јелена Карлеуша кои први му дадоа глас.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Македонецот кој триумфираше во шоуто за ветерани со својот талент и тогаш ги воодушеви сите, а пофални зборови доби и од Марија Шерифовиќ која заедно со Карлеуша танцуваше на неговиот настап.
Инаку, Бобан по професија е професор по историја, а љубовта кон музиката ја наследил од својата мајка.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Напоредно со музиката, со која што се занимава од мали нозе, тој работи и како кустос во музејот на холокаустот во Скопје, а и неговата сопруга е професорка по македонски и поранешна пејачка.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Бобан во „Никогаш не е доцна“ беше еден од победниците благодарение на СМС гласовите од публиката.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што самиот откри тогаш, во шоуто го пријавил синот Андреј и тоа без негово знаење, па не сакал да го разочара.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И неговиот син е музичар и свири на гитара, а заедно настапија и за време на шоуто кога Бобан триумфираше.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но еден од најемотивните негови настапи беше кога на сцената се појави и неговата сопруга и танцуваа пред публиката.
Како изгледаше моментот со кој Бобан и неговата сакана се потсетија на нивната венчавка, погледнете во продолжение…