Во видео клипот што му претходеше на нејзиниот настап на Music Award Ceremony што деновиве се случи во Белрад, Карлеуша лежи преку табла што стои покрај патот на која пишува „живот”. Сепак, истата идеја пред една година ја претстави еден руски уметнички фотограф.
„ЛаЈК”, како што Карлеуша (40) ја нарече својата најнова песна, истакнувајќи го нејзиното име, односно иницијалите со големи букви, постигнува се подобри резултати. Пејачката својата песна ја претстави во вторникот во „Music Award Ceremony“, а пред настапот го покажа оригиналното видео. Во видео клипот што му претходеше на настапот, таа лежи на табла покрај патот на која пишува „живот” и изразува драматичен монолог кој завршува со зборовите: „Решив да бидам херој, а не жртва во вашите очи“.
https://www.instagram.com/p/BtQAbCDnF6G/
Но очигледно дека идејата со таблата на која пишува живот не е оригинална, како што ја претставија авторите.
Имено, истата идеја минатата година на Инстаграм ја прикажа Платон Јурич, директорот за фотографија и член на рускиот Сојуз на уметнички фотографии.
https://www.instagram.com/p/BlVM615h9w_/
Како што пренесе Блиц, интересно е и тоа што овој уметник на Инстарам го следи и менаџерот на Карлеуша, кој воедно е и нејзин најдобар пријател, кој често се потпишува и како креативен директор.
Карлеуша се уште се нема огласено во врска со обвинувањата за плагијат за нејзиниот најнов спот.
Според аналитичарите благодарение на популарноста по објавувањето на голите фотографии за кои таа тврди дека не се нејзини, пејачката до крајот на оваа година ќе заработи околу милион и пол евра.