Карлеуша и во фустан од 20 евра изгледа гламурозно – но погледнете ја и комбинацијата од 3000 евра со која се прошета низ Охрид
Карлеуша повторно ги остави сите без здив
Балканската поп-дива Јелена Карлеуша е позната по своите контроверзни и провокативни модни изданија, а во едно такво издание се прошета пред само неколку дена на еден настан во центарот на Белград.
Пејачката се појави исончана и насмеана, а во преден план беше нејзиниот преубав зелен фустан и чантата.
Пејачката ги остави без здив сите посебно со изборот на тоалетата, со која го истакна секој детаљ од нејзиното тело.
Во прашање е модерен краток фустан со „пуф“ ракави и длабоко деколте, во светло зелена нијанса, а целото издание го зачини со голема чанта во идентична боја, како и длабоки беж сандали.
Таа оваа комбинација ја заокружи со блага шминка и долга коса со благи бранови, па изгледаше гламурозно и скапо.
Но и покрај тоа што изгледаше гламурозно и екстравагантно, фустанот што го носеше Карлеуша всушност е парче што секоја дама може да си го дозволи. Во прашање е модел за кој пејачката издвоила околу 20 евра.
„На мене не е секогаш скапо и брендирано. Моментално носам фустан кој чини некои дваесетина евра Немам проблем со тоа. Поважно ми е како нешто ми стои, а не колку чини“ изјави балканската дива.
Но веќе следниот ден, кога тргна на својот настап за Охрид, пејачката ги изненади сите со својот прескап стајлинг.
Таа во приватниот авион носеше фустан од брендот Версаче кој што го комбинираше со чанта од истиот бренд.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
И за разлика од претходниот фустан кој чинеше нешто повеќе од 1000 денари, Карлеуша само за овие две гламурозни парчиња потрошила преку 3000 евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?