Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша го запали Твитер заради Канје Вест и Ким Кардашијан – ФОТОГРАФИИТЕ се хит, посебно оние со Филипче и Алачки

Реклама

Твитерашите се пошегуваа на сметка на пејачката, а коментарите што ги објавија се хит на социјалните мрежи.

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека популарната пејачка Јелена Карлеуша сака да експериментира со своите модни комбинации. Таа знае како да го привлече вниманието на интернет, посебно со провокативните изданија со кои никого не остава рамнодушен, а за неа како феномен имаат пишувано дури и најпознатите светски таблоиди и портали.

Маркетинг

Но откако нејзиниот профил почна да го следи Канје Вест, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, таа не престанува да фасцинира со провокативните модни фотографии, па многумина сметаат дека Карлеуша тоа го прави заради познатиот репер и почнаа да се шегуваат на нејзина сметка.

Посебно откако пејачката на една од своите последни изданија позираше како од мајка родена, облечена само во патиките на Канје, а потоа пак ја копираше Ким Кардашијан, па дури и ја надмина со своето издание, со што привлече големо внимание во медиумите, но и на социјалните мрежи.

Маркетинг

Сето тоа на многумина им изгледа како да се обидува од петни жили да му покаже на реперот дека ги обожава неговите модни креации, но и дека ги следи трендовите на светските ѕвезди како што е неговата поранешна.

Токму затоа корисниците на Твитер почнаа да се шегуваат на нејзина сметка, објавувајќи фотографии кои отсликуваат најразлични ситуации како Јелена би се однесувала ако на пример почнат да ја следат Војислав Шешељ, Бора Чорба или Лидија Вукичевиќ, но и ликови од Македонија како што се Адријана Алачки, Венко Филипче и Боки 13.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button