Карлеуша во проѕирен костум во кој сé и се познава, а нејзините малолетни ќерки ја гледаат
Карлеуша објави фотографија на која позира со ќерката Ника, за време на паузата за Нова година.
Но многумина ја нападнаа на социјалните мрежи заради проѕирниот костум што го носеше, кој повеќе откриваше отколку што сокриваше, и што дозволила нејзините малолетни ќерки да ја гледаат во вакво издание.
Инаку, Карлеуша и на својот втор настап, на „репризата“ од Нова година, изгледаше провокативно.
По успешниот настап за Нова година во еден хотел во Белград, Јелена Карлеуша настапи во еден белградски клуб за втората вечер. Таа повторно направи журка за паметење, а публиката уживаше и ги пееше заедно со неа во нејзините хитови.
За настапот беше облечена провокативно – носеше бел костум со кој во преден план ги истакна нејзините облини.
Сега малку да се вратам во минатото. Еве една песна која што ја снимив кога повеќето од вас не беа ни родени. Единствената разлика е во тоа што сега сум многу подобра риба од тоа што бев и што за 20 години ќе бидам уште подобра отколку што сум сега. Па да бидеме живи па да видиме. Уште еднаш среќно, изјави Карлеуша пред да ја изведе својата песна..
Погледнете дел од атмосферата.