Карлеуша во нajбpyталното издание што сме ја виделе досега – гopaт СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, погледнете го овој детаљ
Познатата поп пејачка со новите фотографии на својот профил на Инстаграм направи хаос.
Јелена Карлеуша позираше во тесен фустан со змиски дезен со кој никого не остави рамнодушен.
Пејачката реши повторно да ги остави своите фанови без здив, па на својот профил на социјалните мрежи објави нови фотографии во неверојатно издание што го избра за оваа пригода. Таа ги изненади сите со тесниот фустан со змиски дезен со кој го истакна секој детаљ на своето тело.
Таа и покрај тоа што веќе е во петтата деценија, нема проблем да позира во разни пози, а овој пат се надмина самата себеси позирајќи на задното седиште во автомобилот.
Покрај фустанот таа носеше и маска со идентичен дезен, а целото издание го заокружи со опасни високи потпетици.
„Оној што ќе го касне змија, ќе се плаши и од црвец“, „Жено, па ти си бoмбa“, Изгледаш бpyтално“, беа само некои од коментарите што фановите и ги „оставија“ под фотографиите со кои Карлеуша предизвика земјотрес.
Инаку, пејачката само еден ден претходно им даде поддршка на своите колеги, кои веќе цела година не работат заради пандемијата со вирусот корона, но се осврна и на „советите“ што нејзините колеги ги добиваат од поединци.
Карлеуша јавно напиша во каква ситуација се наоѓаат музичарите кои веќе година дена не работат заради пандемијата и немаат приходи, додеа вложуваат во песни и имаат секојдневни трошоци. Јелена со објавата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а бидејќи поединци ги „советуваа“ пејачите да работат на нива за да заработат, Карлеуша жестоко им одговори:
„И да, не пишувајте ми пораки во кои ги советувате пејачите и музичарите да одат да копаат на нива или да продаваат чанти и ‘авиони, камиони’, за да преживеат. Зошто тоа го советувате само на музичката фела, а не на адвокатите, докторите, спортистите, банкарите, професорите, актерите? На основа на кој закон тие можат да ја работат својата работа сред корона, а музичарите да одат на нива? Велите корона? Па короната дивее иако пејачите и музичарите не работат вее цела година. Дивее иако милион луѓе се вакцинирале!“
„Значи yбиcт*oто на музичката дејност не ја сопре короната“, напиша Карлеуша во свој стил и продолжи:
„Но зошто тогаш сите се уште работат, а музичарите се означени како опасност? Рестораните се полни, болниците полни, кафулињата полни, школите полни.. Сé врви и сите работат, само музичарите не, бидејќи е ковид“, додаде Јелена.
„Немам видено земја во која музичката фела се почитува помалку и цени како кај нас. Од српски закон до српски народ, сите го покажавме своето вистинско лице кон музичарите за време на оваа мака кога само тие патат цела година… Затоа, кога сето ова ќе помине, нека дојде да ви свири Моцарт на нозе и нека ви пее Бијонсе“, заклучи Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша