Карлеуша бесрамно покажа колку чини секое парче што го носи и ги ШОКИРАШЕ СИТЕ – овие цифри го запалија интернетот
Најголемата балканска дива секојдневно објавува фотографии со модни комбинации кои го „шокираат“ целиот регион.
Ова секако дека не е прв пат поп-дивата Јелена Карлеуша да „шокира“ со бесрамно скапите модели што ги носи…
Таа е голема вљубеничка во дизајнерската облека, а многу парчиња што ги носи не може секој да си ги дозволи.
Впрочем такво беше и нејзиното издание што го носеше на журката на еден познат магазин.
Таа потоа на својот Инстаграм сподели и фотографија од журката, но она што беше шокантно на една од фотографиите се цените што пејачката ги платила за секое прче посебно.
Па така можевме да видиме дека фустанот од Баленсијага чини 2700 евра, додека за огрлицата платила „само“ 1800 евра.
Далеку од евтини се и обетките – 995 евра, додека чантата од истиот моден бренд која е хит во светот чини 2400 евра.
Ова секако дека не е прв пат Карлеуша да „шокира“ со бесрамно скапите модели што ги носи, а тоа можевме да го видиме и само неколку дена потоа. Имено, таа овој пат носеше необичен комбинезон од Жан-Пол Готје од неговата колекција „Сајбер“ за кој платила само 690 евра.
Но ако на оваа цифра ги додадеме и цената на очилата кои исто така се од познат дизајнерски бренд и стејтмент чизмичките повторно ќе дојдеме до бројка од која на многумина ќе им се заврти во главата.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша