Доколку се уште не сте го пробале овој тренд, сега е вистинското време …
Карираните сакоа беа хит во сезоната што полека останува зад нас но судејќи според Инстаграм профилите на познатите трендсетерки и ИТ девојки, како и според она што го видовме низ излозите на продавниците овој тренд нема намера да не напушти и во следниот период. Само што овој пат, во пресрет на новата сезона, покрај сивите модели кои веќе со месеци го имаат главниот збор во бројни одлични комбинации, во игра се и модели во повесели, пролетни нијанси. Па така во продавниците на познатите хај-стрит брендови веќе не чекаат одлични модели во розови, беж и светло сини бои со кои можеме да направиме фантастични стајлинзи особено за овој преоден период без разлика дали ќе ги носиме како јакна или само како дел од нашите слоевити комбинации. Инстаграм веќе е преполн со фотографии на кои девојките фураат карирани сакоа и токму тие можат да ни послужат како инспирација како и ние да го носиме овој тренд.
И без разлика што можеби, на некои девојки, карираните сакоа сами по себе им изгледаат малку досадно, тие се уште важат за едни од најпродаваните, а меѓу најбараните се „оверсајз“ моделите кои можете да ги стегнете со машки ремен на половината и да добиете потполно шик комбинации.