Војвотката од Кембриџ и принцот Хари се појавија заедно на мисата по повод „Денот на АНЗАК, прослава по повод првата заедничка војна акција на австралиските и новозеландските сили за време на Првата светска војна.
Принцот Вилијам беше отсутен од овој настан бидејќи беше во посета на Нов Зеланд, а бидејќи Меган е на породилно отсуство и може да се породи во секој момент, Кејт и Хари мораа да ги здружат силите и заедно да присуствуваат на церемонијата. Тие двајцата насмеани ги демантираа и се почестите гласини за наводната расправија меѓу нив, а Кејт како и обично, не воодушеви и со нејзината облека.
Имено, Војвотката за оваа пригода носеше прекрасен капут во стил на фустан и со потписот на дизајнерката Катрин Валкер, а целото издание го заокружи со шешир во слична нијанса со пердуви и зелени салонки и чанта во иста нијанса со кои не потсети дека сината и зелената се совршен пар.
Војвотката носеше и скапоцен накит, односно огрлица и обетки со дијаманти со потписот на „Kiki McDonough“.