Крајно време е да заборавиме на минијатурните парчиња и да скокнеме во потоплите есенско-зимски модели, а изборот на совршен капут е еден од клучните моменти кога ги правиме овие промени.
Студеното време полека ни тропа на портите, а и првите декемвриски денови некако по „дифолт“ се одличен момент да ги пробаме новите трендови. Па така доколку се уште не сте избрале нов капут за оваа есен и зима, денес ќе ви предложиме неколку варијанти со кои вашиот стил на наједноставниот можен начин ќе го подигнете на следно ниво.
9,990 MKD
Да, кој вели дека зимата мора да биде монотона кога е модата во прашање?! Доволно е само да изберете добар капут кој ќе зрачи на вистинскиот начин и со кој ќе ги заокружите вашето впечатливо издание постигнувајќи го оној елегантен и шик дамски изглед што сакаме сите да го имаме.
9,990 MKD
Па кога веќе е така, скокнавме во продавниците на Манго за да видиме што ни подготви еден од нашите омилени брендови за оваа сезона. И од нивната колекција ги извлековме најдобрите и најбараните 10 модели на капути за кои сме сигурни дека доста често ќе ги гледаме на нашите улици.