Реклама
Наши ѕвезди

Камчева на судењето на Боки 13 носеше чанта од 10.000 долари?

Реклама

Камчева изгледаше беспрекорно од глава до пети

Не престануваат реакциите за тоа како изгледаше сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, кога се појави во судницата во улога на сведок во случајот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Маркетинг

На судењето сопругата на познатиот бизнисмен носеше црно сако и панталони во комбинација со бела кошула, но она со што привлече најмногу внимание беше нејзината чанта.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб (А1он)

Имено, капутот што го носеше е со потпис од познатата модна куќа Сен Лоран, но покрај него Ана носеше и нешто што со светската модна сцена владее веќе со децении – во прашања е популарната Биркин чанта од Ермес.

Маркетинг

Капутот од Сен Лоран е само почеток на ова совршено издание

Имено, таа носеше црн модел од чантата која важи за една од најлуксузните меѓу торбите во последните три-четири децении.

Оваа култна чанта настана кога извршниот директор на модната куќа Ермес, Џин-Луис Думас, во далечната 1982 година, на летот на релација Париз-Лондон, случајно седнал до актерката и пејачката Џејн Биркин.

И додека гледал во нејзината чанта, наеднаш сето она што се наоѓало во неа паднало на подот. Тогаш Џејн му се пожалила дека со години не можела да најде практачна, а убава чанта, па Думас тогаш одлучи да го пронајде решението за овој женски проблем. Тој во 1982 година ја создаде првата Биркин чанта која своето име го доби по легендарната актерка.

И Кардашијанките ја обожаваат оваа чанта

Кога се појави на сцената, оваа чанта имаше револуционерен дизајн, а и денес важи за една од најпознатите чанти на светот и една од омилените на познатите трендсетерки.

$22,450.00

Таа се прави рачно и заради тоа и цената е поприлично солена – имено, овие чанти се движат од 9 до 15.000 долари, а некои модели чинат и многу поскапо. Од 2010 година постојат и листи за чекање за овие модели, па така некогаш и по неколку години се чека од нарачка до подигање.

The RealReal

Моделот што го носи убавата сопруга на Орце Камчев совршено се вклопи во нејзиното елегантно модно издание, а сличен модел со златни детали на интернет можете да најдете од 5 илјади па до неколку десетици илјади долари.

Овој модел може да се најде за 5900 долари на The RealReal

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button