Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, со своето последно издание со кое се појави во улога на сведок во случајот „Рекет“ ги остави сите без здив.
Но ако до вчера речиси ништо не можевме да прочитаме за неа во медиумите, таа со нејзиното грациозно издание кое врескаше од гламур експлодираше во медиумите како вистинска модна бомба, многумина потсетувајќи ги на Шерон Стоун од филмот „Казино“ на Мартин Скорсезе.
Но како и да е, таа е сопруга на еден од најбогатите луѓе во регионот, кој се има најдено и на листата на меѓу најбогатите Македонци на магазинот „Форбс“, па не е ни чудо што јавноста се интересира за неа.
Од друга страна мораме да признаеме и дека изгледа одлично и тука ќе застанеме. Имено, ние како моден портал не нé интересира она што се случува пред и зад кулисите во судењето „Рекет“, ниту пак кој и колку е виновен во овој процес кој се повеќе наликува на ријалити шоу.
Она што нас не интересира се дамите што имаат стил, а што се однесува до убавата сопруга на Орце, таа навистина не воодушеви со својот моден избор.
Затоа и погуглавме малце и „налетавме“ на фотографии на кои Ана изгледа како вистински фото модел.
Овој пат во прашање е многу поразлична комбинација од скапоцениот бел капут од Сен Лоран и популарната Биркин чанта со кои се појави во судницата и му го украде шоуто на Боки. Имено, таа во судницата се појави во потполно соодветни парчиња за еден таков тип на настан, додека комбинацијата што ќе ја видите во продолжение е нешто што претставува одличен избор за новогодишните празници што се пред нас. А во тој контекст е и нејзиниот став на овие фотографии. Тесно сребрено фустанче кое во преден план ги стави нејзините убави нозе и високи потпетици од кои боли глава.
Камчева знае како да го носи овој провокативен сребрен фустан со длабок израз, со кој покажа баш се’ што треба и може да се покаже. Имено, таа едноставно „вреска“ со својата харизма во ова отмено, елегантно и провокатино издание, но во границите на умереното истакнување на женското тело.
Таа со овој сребрен фустан ги стави своите убави нозе во преден план, а целото издание го заокружи со црвен кармин и сребрени салонки со тенки високи потпетици.
RACHEL ZOE £337.50
Па, облечете нешто слично за новогодишните празници и бидете сигурни дека нема некој некој што ќе остана рамнодушен на вашиот шарм. Но претходно погледнете и неколку поевтини, но и поскапи модели со кои би можеле да го позајмите ова опасно издание на Камчева.
Forever 21 $22.50
Forever 21 $18.50
PHILOSOPHY DI LORENZO SERAFINI £573.75
PACO RABANNE £1,875.00
Forever 21 $34.20
Forever 21 $17.99
NEEDLE & THREAD £237.50
MICHELLE MASON £675.00
Forever 21 $14.00
Forever 21 $14.00
Forever 21 $25.20
Forever 21 $25.20
JENNY PACKHAM £1,516.67