Реклама
Холивуд

Камерон Дијаз фатена без грам шминка на лицето – годините го направија своето

Реклама

Една од најголемите заводнички од 90-тите се појави без грам шминка на лицето

Камерон избегнува да излегува од дома и само повремено оди на ручек со своите пријатели. Папараците овој пат ја фатија пред ресторанот што се наоѓа во нејзиното соседство. Познатата русокоса беше лежерно облечена, во фармерки и џемпер, а на лицето немаше ни грам шминка.

Маркетинг

Камерон Дијаз (46) беше најсекси икона на деведесеттите, а и мажите и жените беа воодушевени од неа и од нејзината убавина. Но во последно време на обожаватели им се чини дека годините го имаат направено своето. Таа откако не „лови” мажи, се посвети на пишување книги, а филмската индустрија во нејзиниот живот беше малку занемарена.

Маркетинг

Ги дигна рацете од глумата пред три години, кога самата изјави дека и е доста од многубројните патувања поради глумата. Оттогаш се посвети на пишување книги за здрав начин на живот и досега има објавено две книги. Една од нив беше „бестселер” според познатиот „The New York Times“. Ретко се појавува во јавност и само понекогаш оди на ручек со пријателите. Папараците ја фатија пред ресторанот во соседството во едно мрзеливо издание. Беше облечена во фармерки, џемпер, а на лицето немаше шминка.

Инаку, таа е висока 174 сантиметри, а во минатото ги освојуваше сите со своите сини очи и долги нозе, и важеше за голема заводничка.

Беше во врска со многу холивудски фраери меѓу кои Џаред Лето (47), Мет Дилон (54), Џастин Тимберлејк (37), Алекс Родригез (43). Но во 2014 ја „украде“ рокерот Бенџи Маден (39) со кого ја запозна пријателката Никол Ричи (37) која е во врска со неговиот брат, Џоел (39).

Тие се венчаа во 2015 година, во својот дом во Беверли Хилс, на интимна церемонија со најблиските и пријателите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button