Калиопи скршена од болка, цело време плачела – ПЕЈАЧКАТА СЕ ОГЛАСИ, ОВА НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ
Жената што почина на концертот на Калиопи била од Македонија и пејачката ја познавала
По немилиот настан концертот беше откажан
Една жена почина на концертот на Калиопи Букле во Белград, по што пристигна полицијата на лице место.
Брзата помош итно реагираше и 45 минути се обидуваа да ја реанимираат жената, но за жал, и немаше спас.
На жената и се слоши пред самиот почеток на концертот на пејачката во МТС салата, по што истиот беше откажан.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Организаторите ги замолија присутните да ја напуштат просторијата и салата, за да можат здравствените работници да си ја завршат работата.
Жената која што почина беше дојдена од Македонија.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Таа била голем фан на Калиопи и дошла во Белград заедно со својата ќерка и пријателка специјално за концертот.
Пејачката по немилиот настан беше очајна и скршена од болка затоа што ја познаваше жената што почина.
„Жената што почина на концертот дојде со ќерката. Седеа во раздвоени редови кога и се слоши. Реанимацијата траеше 45 минути. Пред да почине, Калиопи и самата и пријде на девојката која што е параплегичар и која беше многу неутешна“, раскажува извор за српските медиуми.
По несреќниот настан што се случи непосредно пред концертот, Калиопи даде изјава за полицијата која дојде на лице место.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Пејачката беше скршена од болка заради целиот настан, а сведоци раскажаа дека плачеле откако дознала за жената.
Како што пренесуваат медиумите, госпоѓата имала околу 70 години и на концертот била дојдена со ќерката и пријателка.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Калиопи веднаш откако ја слушна веста ја напушти бината, а по трагедијата беше во полиција за да даде изјава.
По трагичниот настан таа се огласи на Инстаграм:
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот…“.
„Во свое име и во име на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на починатото лице. Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот термин ќе биде наскоро објавен. Калиопи“, напиша познатата пејачка на Инстаграм