Реклама
Наши ѕвезди

Калиопи го „шокираше“ целиот Балкан со она што го изјави за својот ПОРАНЕШЕН СОПРУГ и неговата втора жена (фото)

Реклама

Познатата пејачка Калиопи Букле пред три децении се разведе од својот сопруг со кого и денес е во одличен однос.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Пејачката не крие дека се дружи и со неговата сегашна сопруга која што ја поддржи и на промоцијата на нејзиниот нов дует.

Како што самата изјави за медиумите во соседството, сопругата на Ромео е нејзина најдобра пријателка, а нејзиниот син има две мајки.

Калиопи се потсети и на смртта на нејзиниот татко кој почина минатата година и со кого таа беше многу поврзана.

Маркетинг

„Татко ми го загубив минатата година, ми беше многу тешко. Денот кога ми јавија дека починал, имав концерт на Фрушка Гора. Имав два концерти еден по друг. Ги одработивме професионално, јас пеев како никогаш, имав чувство дека тој е покрај мене, но кога денес би ме прашале за било кој детаљ од концертот, јас на ништо не се сеќавам. Тоа ми беше многу тешко. Животот сé носи. Треба да живееме во моментот, не знаеме што ќе биде утре“, вели Калиопи.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Инаку Калиопи и покрај тоа што бракот со Ромео Грил не траеше долго, тие се уште се добри пријатели, но и колеги.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Калиопи

За тоа зборува и тоа што новата дуетска песна на Калиопи и Жељко Самарџиќ „Знам“, ја потпишува токму Ромео.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Тие останаа во добар однос и по разводот, и покрај тоа што и двајцата запловија во нови брачни води, а Калиопи е блиска и со неговата сопруга.

„Ние сме најдобри пријателки, таа го има клучот од мојот стан и кога не сум во Скопје, таа може да дојде кај мене“.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

„Инаку секогаш велам дека моето дете има две мајки“, откри пејачката во интервјуто за „Нова.рс“.

Но на прашањето дали и нејзиниот син Пако би можел да заплови во музичките води, таа изјави дека тој не само што не сака да се занимава со музика, туку воопшто не сака да има нешто со јавната сцена и Калиопи тоа го почитува, па затоа и многу ретко во јавноста зборува за него.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

„Не се занимава со музика и не се занимава со нас, тој се занимава со себеси. Тој не сака да се занимава со јавна сцена и јас тоа го почитувам“, вели познатата македонска пејачка, пишува споменатиот портал.

Инаку, Калиопи по бракот со Ромео уште еднаш застана на лудиот камен и тоа со македонскиот актер Васил Зафирчев.

Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи

Нивниот брак долго време важеше за еден од најромантичните меѓу познатите и покрај тоа што Васил е 13 години помлад од неа.

Разликата во годините не преставуваше никаква пречка во нивната љубов, а одлуката да се разделат ја донесоа заедно.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button