Калиопи ги отвори вратите од својот топол дом – ова е ПОСЕБЕН ДЕН ЗА НЕА, никогаш не била посреќна!
Пејачката објави видео со кое ги воодушеви сите...
Нашата позната поп-пејачка со раскошен глас, Калиопи Букле, денес го слави својот 57 роденден.
Пејачката објави видео на Инстаграм на кое се гледа како ѝ се радува на тортата, но и како го дува свеќичките во форма н бројката 57.
Видеото е направено во нејзиниот дом, во дневниот престој, а во позадината се слуша нејзината песна „Роденден“.
Потсетуваме, македонската поп пејачка Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид.
Фото: Принтскрин/ Калиопи
Фото: Принтскрин/ Калиопи
Таа и денес важи за поп икона во сите земји од просторот на поранешна Југославија и за пејачка со еден од најмоќните гласови.
Фото: Принтскрин/ Калиопи
Калиопи во 2016 година, токму на овој ден, ја објави песната „Роденден“, а текстот и музиката се на нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
Фото: Принтскрин/ Калиопи
Како што самата изјави кога ја израдува публиката со оваа песна, на неа годините никогаш не ѝ биле важни како бројка, туку само како можност низ нив да ги оствари моментите по кои ќе биде запаметена.
Фото: Принтскрин/ Калиопи
„Затоа, не само родендените, туку сите денови ги славам со песна“, изјави тогаш нашата позната пејачка.
Фото: Принтскрин/ Калиопи
Калиопи и сега им се заблагодари на сите на бројните честитки, а меѓу првите и честитаа колешките Елена Ристеска и Каролина Гочева.
„Среќен роденден Опи“, „Најсреќен најмила, а нека стареат бројките, а ти живеј и пеј“, „Најсреќна мила“, „Среќна да си секогаш“, беа само некои од пораките што Калиопи ги доби под својата објава на Инстаграм.