Каков рај за очите! Убавата водителка од „Брза кујна“ ужива на плажа, фотографијата е најубавото нешто што ќе го видите денес!
Нашата позната водителка со последните фотографии ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Сања Савеска важи за една од најубавите дами од нашите мали екрани, а овој пат ги изненади сите и на социјалните мрежи.
Таа сподели неколку фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм со кои подигна голема прашина и предизвика лавина од реакции.
На една од нив таа позира во преубав едноделен модел на костим за капење и ја покажа својата витка линија.
Шармантната водителка која сите ја сакаат од емисијата „Брза кујна“ предизвика лавина од реакции кај нејзините фанови кои ја почестија со дузина лајкови и позитивни коментари на Инстаграм.
Сања пред неколку дена ги спакува куферите из заедно со своето момче замина на одмор. Таа реши да си ги наполни батериите во Грција, на Лефкада, опкружена со преубави пејзажи и прекрасни плажи.
Таа објави и една фотографија на која е заедно со својот партнер, а многумина и порачаа дека е најубавата Македонка.
Покрај прекрасниот костим за капење, Сања привлече внимание и со шеширот што го носеше.
Во прашање е моден додаток кој е „маст-хев“ за дамите кога одат на одмор, па во продолжение погледнете и неколку интересни модели на шешири за кои се инспириравме од ова прекрасно издание на Сања.
Бонус галерија
Време е за сламени шешири – најубавите модели за оваа сезона
Ако сакате вашите летни комбинации да ги направите да изгледаат поразлично и посебно, тогаш „зачинете“ ги со сламен шешир. Тие истовремено се шармантни и практични, така што покрај дозата на гламур што ќе ја внесат во вашиот стил, тие и ќе ве штитат од силните сончеви зраци.
Од едноставните модели кои се совршени за лежерни комбинации до оние со истакнат и раскошен обод кои на уживањето на плажа му носат и доза на гламур, погледнете ги најубавите сламени шешири за ова лето.
Zara
Zara
Prada
Ruslan Baginskiy
Miu Miu
Miu Miu
Maison Michel
Loro Piana
Loewe
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M
Gucci
Gucci
Gucci
Gucci
Brunello Cucinelli
Cos