Како ПРИНЦЕЗА: Зуица Лазова како излезена од бајка – погледнете каква се појави на снимање
Македонската фолк-дива изгледа подобро од било кога и доби само комплименти за изгледот.

Зуица изгледаше како принцеза на својот настап, а на фотографиите кои ги сподели на Инстаграм доби голем број на лајкови.
Наум Петрески и Зуица Лазова се едни од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а важат и за еден од најскладните парови.

Зуица е препознатлива по своето држење и по својот отмен начин со кој што се претстаува, а се разбира и по бракот со познатиот пејач на фулк-музика Наум Петрески. Таа и Наум се секогаш под лупа на јавноста, која е љубопитна во секое време да дознае нешто повеќе за нив двајца.
Долги години опстојуваат на сцената, а тоа се должи на безвременските хитови кои ги имаат.
Вистинска чест и задоволство е да се слушаат овие пејачи во живо.
Плод на нивната љубов се синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак, Наум ги има ќерките Сања и Анастасија.

Зуица работи и како професорка по хармоника во музичкото училиште во Скопје, а долго време беше и водителка на емисијата „Зајди, зајди” која стекна огромна популарност и во која се третираше македонската традиционална музика.
Секогаш е средена од глава до пети и таа е вистински пример како треба да изгледа една дама.

На својот настап на Прилеп фест таа изгледаше како принцеза од бајките.
Згодна и подмладена мора да се признае дека изгледа подобро од било кога.
Погледнете и уверете се:

ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова