Реклама
MAMAКариера

Како престанав да бидам будала…

Реклама

Не беше лесно на почетокот….

Јас сум повеќе човек кој ги следи своите мисли и не обрнуваат внимание на она што ги опкружува. Со години не ги забележував различните тактики за напредување на работа.

По 20 години прифаќање на сѐ и сешто, почнувам да мислам дека можеби и не сум била во право. Чудни се денешните работи, а уште почудни се работниците, сѐ поголем е бројот на луѓе кои максимално се трудат да сработат што е можно помалку во текот на денот. Нивната логика се движи по линијата: „Не можеш ти толку малку да ме платиш колку што јас можам малку да работам.“

Маркетинг

Секако, има и луѓе кои работат детално, прецизно и брзо, не обрнувајќи внимание на колегите. Доколку не се некоја функција или ако не малку повеќе платени, а понекогаш дури и да се, нашиот народ ги нарекува Будали.

Би можела да ги поделам тие Будали на две подгрупи: оние кои се вистински вредни и трудољубиви и сонувачи и идеалисти, а јас себе би се ставила во оваа вторава група. Но, будала си е будала.

Маркетинг

Сега ми е јасно дека некои работи треба да ги одбиеш, добро ми е таму каде што сум, сѐ додека го имам она што го имам. Еве веќе пред мене го гледам третиот оглас за работа и си велам добро е што и таа среќа ме заобиколи. А некогаш имало и периоди кога немало конкурс на кој немам аплицирано, па така од навика, CV-то секогаш ми е некаде при рака.

Неодамна една пријателка ме праша:

„Мислиш дека на друго место би земала повеќе?“

„Искрено, повеќе не ми е важно дали ќе добијам некој денар плус, ако со тоа всушност само уште посилно ќе си ги стегнам оковите. Многу ми е поважно да добијам слободен ден кога ми е потребен. Чудно е тоа што она што денес ме прави среќна нема врска со платата, колку и да имала таа влијание врз мојот живот.“

Можноста да бидам покрај болното дете или убавината на изненадната средба понекогаш навистина нема цена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button