Реклама
Наши ѕвезди

Како познатата фолкерка за кратко време стана толку богата? Од танцување на шипка, до луксузен стан во Монте Карло

Реклама

Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, стана популарна по нејзината истоимена песна „Африка“, која во 2007 година на напиша Марина Туцаковиќ

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Таа во тоа време, изгледаше поинаку и тогаш ретки беа оние кои веруваа дека може да постигне поголем успех.

Сепак, Сандра ја искористи својата првична популарност стекната пред се со нејзиниот атрактивен изглед и денес е една од најбараните и најплатените пејачки во регионот. Таа ја започна својата кариера како една од омилените „го-го“ танчерки во регионот и беше член на придружната танчерска група на фолк-пејачот Миле Китиќ.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Во тоа време, таа сè уште не ги потенцираше своите гласовни способности, а нејзиниот изглед беше во преден план. Посебно нејзината „позадина“, бидејќи таа речиси секогаш настапуваше во мноооогу куси шорцеви.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Покрај стајлингот со кој што го потенцираше секој дел од нејзиното тело, многумина во тоа време и замерија што танцуваше по клубовите, истакнувајќи дека заради тоа нема да оствари некој позначаен успех на музичката сцена.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Но тие не беа во право!

Нејзината прв песна стана голем хит, а Сандра продолжи да објавува песни редовно и зад себе веќе има голем број фанови. Денес издава минимум две или повеќе песни годишно, а по нејзиниот прв хит следуваа и бројни дуети со познатите естрадни ѕвезди, како на пр. со Гоца Тржан.

И така, чекор по чекор, таа стана една од најбараните пејачки во регионот и дијаспората, а со успехот дојдоа и парите.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Сандра денес е позната по љубовта кон многу скапите автомобили, а во една прилика се пофали дека поседува и јахта, за која тврди дека ја донирала нејзината баба. Таа исто така е сопственичка и на луксузен стан во Монте Карло кој исто така, наводно, го добила од нејзината баба.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

„Мојата баба и дедо веќе 40 години живеат во Германија и не гледам никаков проблем во тоа што тие го купија мојот автомобил и ми го оставија станот во Монте Карло“, изјави во една пригода пејачката.

И Дара Бубамара си купи стан

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

И на Дара добро и оди во животот…

И популарната пејачка Дара Бубамара ја гради својата кариера долго и темелно, а благодарение на нејзиниот добар глас и песните кои се мошне популарни во целиот регион, таа сега може убаво живее од својата работа.

Дара неодамна пазареше луксузен имот во нејзиниот роден град Нови Сад, кој изгледа мошне атрактивно и гламурозно. За што станува збор и како изгледа нејзината оаза на мирот, можете да видите од фотографиите што Дара им ги покажа и на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Огромна дневна соба со модерен бел мебел, кој фантастично се вклопува со лустерот кој е направен од кристали и белата дизајнерска маса и столови.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Познатата пејачка за станот во Нови Стан во кој живее сега искешира преку 200.000 евра, а во тоа и помогна и нејзиниот поранешен сопруг Милан Кешиќ.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button