КАКО ОД БАЈКИТЕ: Семејството Џиновиќ ја украси вилата- погледнете со каков луксуз и раскош располагаат!
Се чини дека годинава порано започна да се чувствува празничната еуфорија па многумина веќе ги украсија своите домови.
Исклучок не беше ниту семејството Џиновиќ, а популарната Тик Ток ѕвезда, младата Џина Џиновиќ ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кога објави дел од луксузна вила во која живее со нејзината мајка Мелина и таткото Харис.
Имено, оваа 17-годишна девојка на социјалните мрежи покажа како пред празниците го украсиле луксузниот дом во Сењак и многумина останаа без здив.
Џиновиќ сликаше еден дел од скалите под кои има огромна елка со црвени украси, а истата се наоѓа и во дневната соба која е целата во стакло.
Инаку семејството Џиновиќ неодамна се всели во оваа вила, а како што се пишуваше, пејачот не штеди кога станува збор за изградба и опремување на куќата, па така нивниот дом има теретана и спа.
Ова место го средувале цели две години и во него имаат вложено повеќе од два милиони долари.
Тие живеат во луксуз, а Џина секојдневно објавува фотографии од кои може да се долови внатрешноста на вилата во која живеат.
Неодамна наследничката на Мелина и Харис го покажа гардероберот и посебниот плакар што го имаат таа и нејзината мајка Мелина.
Имено, плакарот има вградено мало ламбички кои се палат и гасат по потреба, а кои се „дело“ на нејзината мајка.
Од нејзините фотографии можеме да заклучиме дека во куќата секој од семејството има свој посебен тоалет.
Имено, и ова е едно од омилените места каде што Џина редовно се фотографира во вилата.
Ќерката на Харис не крие дека е во љубов со малдиот фудбалер Андреј Ѓуриќ кој е чест гостин во нивниот дом.
– Харис и јас без никакви проблеми ја поддржавме врската, бидејќи Андреј е едно фантастично момче, рече мајката на Џина во една прилика.