Како од бајка – убавата водителка Елена позираше со сопругот, па ги ВООДУШЕВИ сите со овој детаљ на фотографијата
Празнично расположение во домот на познатата водителка
Нашата убава и шармантна водителка Елена Стојановска-Јанковска најсреќниот христијански празник го помина онака како што налага традицијата, во мир и во опкружување со најблиските од семејството.
Но она што е посебно кога е овој празник во прашање е тоа што на фотографијата со која што на своите фанови на социјалните мрежи им го честиташе Божиќ, Елена и нејзиниот сакан беа сложни и кога е нивната гардероба во прашање.
Тој носеше сако и фармерки, а убавата водителка потпрена на неговиот грб, изгледаше прекрасно во преубавиот фустан во темно сина нијанса.
„Вака да ти чува грб цел живот, а и ти на него! Среќни празници“, им порача колегата на Елена од телевизија Сител, Спасе Јовановски.
Инаку, Елена својот приватен живот не сака многу да го експонира во јавноста, па затоа и нејзиниот сопруг немаме прилика често да го видиме. Тие од нивниот брак ја имаат осумгодишната ќерка Илина, а во октомври ја прославија јубилејната десетгодишнина од бракот.
На нејзиниот профил на Инстаграм се уште стои една преубава свадбена фотографија, а под неа интересен коментар.
„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“. Фотографијата е направена во октомври 2010, на денот на нивната свадба, а од неа можеме да се потсетиме како изгледаше водителката во венчаница, во прегратките на својот сакан.