Тајната е во деталите
И покрај тоа што летните месеци се резервирани за посветлата облека, постојат дами кои едноставно не можат да се одвојат од своите „all black“ изданија. Тие во овој период од годината најчесто избираат полежерни материјали, кратки блуски, памучни маици, опуштени комбинезони и прозрачни здолништа, а љубителките на скандинавската естетика носат и бициклистички од ликра.
Но, најдобро е кога ваквите „all black“ изданија ќе ги зачиниме со паметно избрани модни додатоци без разлика дали станува збор за рамен од златен синџир, шик металик сандали или тренди детаљ во флуросцентна нијанса.
https://www.instagram.com/p/BmrplnaDnTY/?tagged=allblackstyle
Како и да е најважно од сé во оваа приказна е материјалот, па така покрај памучните и ленените парчиња добар избор се и неодоливите „слип“ фустани кои можат подеднакво добро да ги „фурате“ и со патики или високи потпетици во зависност од тоа дали се облекувате за дневна или вечерна пригода. Одличен избор се и малите црни фустани или кратките комбинезони, а како тоа го прават познатите ИТ девојки погледнете од фотографиите во продолжение.
И секако не заборавајте дека можете да ја разбиете монотонијата и да внесете малку шароликост без разлика дали тоа ќе биде разиграно сако или капут во вашето монохроматско издание или ќе се поиграте со модните додатоци.
https://www.instagram.com/p/Bmn39GoAIDi/?tagged=allblackstyle