Како изгледа куќата и дворот на Дракче во Ржаничино – водителката сподели и една преубава вест
Ова е посебен ден за целото семејство, но
Драгица Стевковска – Дракче со својата скромност, добронамерност и позитивна енергија ги освојува гледачите на малите екрани.
Таа знае како да ги пренесе своите емоции и да допре до сечија душа, а од неодамна започна и своја нова емисија која веќе е хит. Станува збор за кулинарската емисија „Гответе со Дракче“, каде водителката споделува вкусни рецепти заедно со напите познати личности.
И како што велат за неа, Дракче е жена со златни раце, а оние што ја познаваат за неа велат дека е спремна секому да помогне.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
Водителката е поприлично активна и на социјалните мрежи каде редовно комуницира со своите фанови, а не ретко споделува и моменти од своето секојдневие. Па така Дракче кога има слободно време најмногу сака да ужива во својот раскошен двор каде има направено преубава градина за која се грижи со посебна љубов.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
Од фотографиите можеме да заклучиме дека ја бидува и за оваа работа, но и дека нејзиниот двор изгледа како рајска градина.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
Таа има цвеќиња во најразлични бои на кои целосно им е посветена, а деновиве покажа и како ужива во зеленилото со кое е опкружена.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
Имено, таа на Фејсбук често споделува фотографии од својот двор и истакнува колку е горда на ова место полно со зеленило и цвеќиња.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
Но покрај оваа објава, Дракче ги изненади сите со уште една фотографија, а на која е со нејзиниот сопруг Орце.
Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче
„Далеку си од нас, но близу во срцето.. Среќен роденден Јордане мој…“ напиша водителката под една нивна заедничка фотографија.
Потсетуваме, Дракче повеќе од четири децении е во брак со фолк-пејачот Орце Стевковски, а нивниот дом е во с. Ржаничино во населбата Петровец во непосредна близина на главниот град.
Повеќе фотографии од нејзиниот двор, погледнете во продолжение…