Ова момче од Индија се роди со многу влакна на телото.
Медицинските сестри во болницата беа исплашени кога го видоа, но лекарот рече дека сѐ е во ред со него. Неговите родители се обиделе да ги отстранат влакната од неговото лице, но тие секогаш ќе пораснале со истата должина. Момчето често беше избегнувано заради својот необичен изглед, децата во училиштето го задеваа, но учителката ги научи да не му се потсмеваат само заради тоа што изгледа поинаку. Учителот вели дека тој е како и сите други деца, а некои локални жители тврдат дека е реинкарнација на богот Хануман кој наместо човек, има мајмунска глава.
Но неговата мајка вели дека тој е само обично момче кое сака да биде како и секое друго дете. Лекарите им кажаа на неговите родители да почекаат до пубертет бидејќи поради хормоните влакната на телото можат значително да се намалат, и ако тоа не се случи, постојат операции кои можат да помогнат. Искрено се надеваме дека желбата на момчето ќе се оствари и дека тој еден ден ќе стане како и другите.