Како и успева да изгледа вака – сите се запрепастени од изгледот на шармантната водителка Александра Илиевска (фото)
Нашата позната водителка која порано секој ден ја гледавме на кулинарското шоу „Брза кујна“ ја врати својата форма и изгледа позгодна од било кога.
Александра Илиевска во шоуто дојде по Билјана Максимовска, којашто ја водеше првата сезона на шоуто, и остана во следните пет години, во новата сезона ќе направи пауза, а причините за тоа беше бременоста.
Имено Александра и нејзиниот сопруг на почетокот на годинава се остварија во улога на родители и ја добија ќеркичката Сара.
Иако не помина долго Александра се врати во топ форма, па нема ни трага од вишок килограми.
Облечена во тесни фармерки и џинс-кошула Александра позираше насмеана, а под објавената фотографија напиша“ причината на нашите животи е да бидеме среќни“.
Секако следеа и комплименти, но и прашања како и успева да биде слаба после само неколку месеци откако се породи.
Тајната за нејзината витка фигура си ја знае само Александра, но судејќи по насмевката очигледно е дека ужива во улогата на мајка.
Инаку, шармантната водителка заплови во брачните води со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен.
„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.
„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“.
Инаку, Александра важи за една од нашите најпознати, но и најубави водителки, која секогаш изгледа интересно и модерно. Таа во една пригода, во разговор за „Гламур магазин“ ја сподели тајната на својата убавина, односно ни откри како го негува своето лице.
„Не е речено без причина дека лицето е огледало на нашата личност. Основен услов за кожата е секојдневната нега. Но и без вода, нема убавина. Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно“ вели таа.
„Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице.“
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
„Утрата ми започнуваат рано, со соодветен крем и шминка која гледам да е едноставна со секогаш убав и соодветен кармин“ вели убавата водителка.
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Погледнете уште неколку нејзини шик изданија…
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска