Колку сте постар, толку повеќе сакате потивок викенд. Како минува времето за вас совршен викенд не се веќе лудите забави и дружењето со еден куп пријатели – за вас перфектно поминато време многу се разликува сега, отколку во лудите дваесет години.
Но кога имате домашно милениче, честопати ќе се најдете во ситуации каде што сакате да го изберете тоа клопче крзно кое постојано ви дарува љубов, отколку дружба со пријателите. Па ако го делиш домот се едно вакво влакнесто пријателче сигурно сте имале таква ситуација.
Овој човек имаше совршен викенд со своето домашно милениче, а во неговото слатко видео ќе се пронајдат многу сопственици на кучиња и мачки. Секако дека не можете да го вклучите вашето домашно милениче во секој ваш план, но ако изберете мирна вечера во вашиот дом, добра книга или да изгледате некој филм и да јадете пуканки, во сето тоа би можел да ве придружува и вашиот миленик.