Како да се сестри, а не мајка и ќерка – наследничката на Црнокрак е вистинска убавица, погледнете како изгледа (фото)

Како да се пресликани една од друга

Една од најпознатите македонски манекенки и презентер на вести, Светлана Црнокрак (43), од секогаш била синоним за убавина.
Светлана и денес плени со својата харизма и убавина како и на почетокот од својата кариера, кога прв пат се појави на модните писти.
Таа е во брак со Мики Црнокрак со кого има две ќерки, Моника и Нина. Нивната поголема ќерка, Моника студира Економски факултет и тргна по стапките на своите родители. Имено, таа успешно плива во манекенските води и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година. Таа тогаш на изборот за Мис лето Интернационал што се одржа во Киренија, Кипар ја освои титулата за Мис фотогеничност.

Кога прв пат се појави на пистите Моника ги собра сите симпатии на публиката, посебно заради сличноста со нејзината мајка. Но пофалби заслужува и Светлана, а тоа дека повеќе изгледаат како сестри, отколку како мајка и ќерка можете и вие да погледнете во продолжение.
„Другата во мене“, напиша гордата мама под заедничката фотографија што ја објави на Фејсбук.

Неспорно е дека Моника ја наследила убавината и харизмата на својата мајка, која се забележува на прв поглед, нели?