Добрите фармерки изгледаат убаво и на оние претставнички на понежниот пол кoи немаат тело како манекенка.
Ова го знаат многу девојки па затоа и џинсот за нив важи за еден од омилените материјали. Од друга страна и неговата можност да се стилизира на најразлични начини го направи џинсот незаменлив, особено ако ги земеме популарните трендови од последните неколку години.
https://www.instagram.com/p/BqaC8ddD8Tg/
И ако во изминативе децении фармерки носевме практично само со патики, во последно време се почесто сретнуваме дами кои ги „фураат“ со виски потпетици и без воздржување ги носат и во свечени пригоди, притоа изгледајќи совршено елегантно и шик, но не и претерано гламурозно.
https://www.instagram.com/p/BftILzdl7oM/?utm_source=ig_embed
Што се однесува до тоа како да ги носиме, ќе се потсетиме на легендарната Синди Крафорд во рекламата за Пепси. Имено, таа благо избледените левиски кои беа хит во 90-тите години од минатиот век, ги носеше со тесна бела маица, а оваа комбинација и денес важи за една од најпопуларните кога се во прашање фармерките.
https://www.instagram.com/p/Bgw8jH6F6LQ/?utm_source=ig_embed
Брук Шилдс во избледени фармерки, бела кошула и црно сако
Покрај избледените модели, и црните фармерки се добитна комбинација, а тоа досега многу пати ни го имаат покажано познатите дами, меѓу кои и сестрите Кардашијан кои многу често го „фураат“ ова безвременско парче со кое секогаш и вие ќе изгледате шик.
https://www.instagram.com/p/BuwlC5Xg8Pt/
Што се однесува до помладата генерација, ќе ги споменеме манекенките сестри Џиџи и Бела Хадид, како и нивната пријателка Кендал Џенер, кои исто така многу често можеме да ги видиме во парчиња од џинс, и посебно во фармерки. Од нашите познати дами пак, што обожаваат фармерки, би ги издвоиле Лила Филиповска и Каролина Гочева, на која омилени летни модели им се искинатите фармерки кои секога совршено ги комбинираат и носат.
https://www.instagram.com/p/BXbIT82jjJc/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Btslx-XlzYI/
https://www.instagram.com/p/Bt_VFsflebF/
https://www.instagram.com/p/BuB_9l1FP_C/
https://www.instagram.com/p/BlIMcdmgOSV/