Реклама
Кариера

Како да најдете работа во Австралија и колкави се платите?

Реклама

Доколку го познавате англискиот јазик и имате работно искуство од минимум три години во Австралија можете да најдете солидно платена работа.

Оваа земја ви нуди широк спектар на работи, а платите се движат од 3900 до 4800 евра.

Маркетинг

На листата со најбарани работници се менаџери, индустриски инженери, земјоделски инженери, архитекти, шумари, ветеринари, професори, педијатри, хирурзи, физиотерапевти и сите други медицински работници па се до тесари, бравари, ѕидари и водоинсталатери.

Што се однесува до платите, медицинските сестри во Австралија имаат плата околу 3000 евра, лекарите 4500 додека оние кои се помалку квалификувани околу 2500 евра. НО за да најдете работа во оваа прекуокеанска земја во која живеат многу Македонци потребна ви е виза.

Маркетинг

Истото важи и за Канада каде медицинските сестри исто така се меѓу најбараните работници, а платата за докторите во оваа земја може да достигне и до 10.000 евра.

За работна виза во оваа земја се чека околу 6 месеци, па за почеток е добро да земете туристичка виза. Постојат два вида на виза, една се добива од работодавачот а другата е карактеризирана како програм за миграција на општоквалификувани работници и виза за оние кои немаат гаранција од работодавачот.

Конкретно во Австралија постојат два вида на визи – привремени и трајни работни визи. Од 2009 година повеќето привремени работни визи бараат официјално спонзорство од страна на работодавачите. Процедурата за аплицирање за привремена работна виза обично се состои од три фази и секоја следна фаза нема да продолжи доколку претходната не биде исполнета (постојат и неколку привремени работни визи за кои не важат ваквите фази во аплицирањето).

Што се однесува до трајните работни визи пак, работодавачите во Австралија можат да спонзорираат работници од странство за работна виза со траен карактер на период додека работникот активно и совесно ја работи својата работа. Цел на оваа програма за спонзорство е на работодавачите во Австралија да им се овозможи да најдат квалификувани работници кои се дефицит регрутирајќи работници од странство.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button