Палачинки без валкани садови
Оваа метода моментално е голем хит на социјалните мрежи во целиот свет. Со неа нема да направите потполн хаос во кујната, а ќе добиете вкусни палачинки со кои можете да ги израдувате вашите најмили и пријателите.
Ваквиот начин го пробавме и ние и потполно се воодушевивме.
Потребни состојки:
Пластично шише од 1.5 литри
2 јајца
10 лажички брашно
3 лажички шеќер
Еден прстофат сол
3 лажички масло
600 мл млеко
Малку кисела вода
Подготовка
Ставете инка на шишето внесете ги сите состојки почнувајќи од сувите, па продолжете со течните. Шишето потоа добро затворете го и протресете, загрејте ја тавата, па почнете да ги правете палачинките од шише на вообичаен начин. Не само што дозирањето ќе ви биде полесно, туку и смесата ќе можете во шишето да ја држите во фрижидер.