Сон на секоја жена е нејзиниот маж да ја обожава и таа да му е приоритет број еден покрај се останато.
Почетокот на секоја врска е прекрасен, многу емоции и љубов, но со текот на времето сè опаѓа. Јас и мојот сегашен сопруг имавме различни подеми и падови, и се сакаме како никој друг и постојано се караме, но на крајот од денот секогаш останувавме заедно.
За време на нашата врска сфатив едно нешто што верувам дека многу жени го прават и со тоа прават голема грешка. Сфатив дека колку повеќе жената му се потчинува на мажот и го воздигнува, толку тој е полош кон неа. Мислам дека им е во гените, кога се сигурни дека жената е нивна 100% тогаш не вложуваат многу труд во неа.
И јас бев баш таква, вредна жена која не излегува, не се дотерува многу за да не го привлекува вниманието на другите… Жена која сакаше нејзиниот маж да знае дека сум 100% посветена на него и дека не сакам никој друг… И додека бев таква врската ни беше катастрофа.
Прво, не ме почитуваше, второ, мислеше дека сум запоставена и застарена, и трето, почна постојано да оди некаде со другарите, забави, скари, кафеани… секој ден истата приказна. Тогаш решив да го сменам филмот и го погодив неговиот копнеж. Закажав неколку термини во козметички салони.
Нова фризура, нова боја на коса… нова гардероба… станав нова јас. Се чувствував и изгледав фантастично. Ги повикав пријателките и организирав неколку излети. Неговиот поглед кон новата јас ми кажа сè… Оттогаш тој скока околу мене како зајак. Го заборави излегувањето и ме следеше цело време.
Почна да ме кара што излегувам, се облекувам провокативно и постојано ме проверува. Веднаш станав центар на неговиот свет и тоа ми се допадна. Ниту еден маж не сака жени без самодоверба… Затоа дотерајте се драги мои и удрете го со копнеж…