Македонската пејачка скршена од болка, не може да поверува дека изгуби драга личност.
Сузана Спасовска напиша емотивен статус за збогум од маестро Милан Завков.
Веста за згаснувањето на животот на вируозот на хармоника, Милан Завков одекна во јавноста како гром од ведро небо.
Публиката, соработниците и блиските на маестрото останаа шокирани од оваа вест.
Со оглед на тоа дека Завков досега не се пожалил на здравствени проблеми, никој од неговите блиски не очекуал вакво нешто.
Ненадејно, на 61. година, згасна животот на врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот.
„Почитувани, со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објави утрово Националната установа – ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – Скопје на својот официјален Фејсбук профил.
Завков хармоника започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“.
Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.
Завков ќе биде запомнат како еден од најдобрите виртуози на хармоника.
Неговите колеги и соработнии јавно, преку социјалните мрежи се збогуваат од музичарот.
Македонската фолк дива Сузана Спасовска со неверување и болка се збогуваше од Завков.
Сузана Спасовска напиша емотивен статус за збогум од маестро Милан Завков.
„Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж? Нели денес ќе си пиевме кафе на нашата клупа како и секое утро? Како без тебе сега? Со кого од срце ќе се смеам и ќе си кажуваме спомени? Мики, нели заедно ќе си одевме во пензија?
Каде побрза Мики, каде??? Незнам ни како да помислам, дека веќе нема да те видам… Премногу ќе ми недостигаш !!! ?
Бог нека ти ги отвори рајските порти драг, Маестро Милан! Почивај во мир! Слава ти“, напиша Сузе.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук