Каков пресврт на Евровизија, ова никој НЕ го очекуваше – Тамара е победничката. И тоа НЕ само за нас Македонците
Тамара, цела Македонија е горда на тебе
Македонија и нашата претставничка во финалето на Евровизија за жал заврши на 8-то место. Иако ова е историски успех за Македонија велиме за жал затоа што според гласовите од жирито Тамара беше на второто место, а добар дел во текот на гласањето и убедливо водеше, се додека не се спроведе „телевоутингот“ според кој Тамара доби недоволно гласови за да се најде меѓу победничките.
Но тоа секако дека не е причина за тага, затоа што и 8 -мо место не е за потценување, впрочем како и првото – песната на Тамара според официјалниот рејтинг на Јутјуб во моментов е најслушана песна во Македонија.
Нејзината песна „Proud“ беше и една од најслушаните нумери на Јутјуб на официјалниот канал на Евровизија, а во коментарите многу странци ја фалат нашата претставничка и нејзиниот брилијантен глас.
Песната има речиси милион прегледи што се бројки за секоја почит, особено за мала земја како нашата.
„Вчера прв пат ја слушнав песната. Ова е музика, вака треба да изгледа еден музички натпревар. Ме воодушеви. Кога музиката навистина би била најважната работа. Тамара е во првите три, и тоa лежерно, според некој мој вкус. Поздрав Македонијо и ви посакувам среќа во финалето, бидете горди“, пишува една корисничка на оваа социјална мрежа.
Инаку, победник на овогодинешниот Евросонг е Холандија, благодарение на огромниот број поени дадени од публиката.
Но затоа Тамара ги освои симпатиите на сите и пред се на многу познати ѕвезди од регионот, а тоа можеме да го видиме и од коментарот на Жељко Јоксимовиќ кој вели – за мене победникот вечерва е Тамара.
Покрај Жељко поддршка на Тамара и дадоа и многу други познати ѕвезди од Србија како Карлеуша, Цеца и Гоца Тржан, а од нашите ќе го споменеме коментарот на Тони Михајловски кој на својот профил напиша дека талентот на Тамара е неспорен и дека само идиот може да го негира. „Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно на оние кои лично ги познавам. Па дури и ако не припаѓаме на ист народ, како што е во случајов.“
Тоа дека нејзините шанси навистина беа големи можевме да прочитаме и од коментарите на социјалните мрежи од страна на една од најголемите телевизиски куќи на светот. Имено „Би-Би-Си“ додека Македонија водеше објави дури и гиф на кој се гледа девојка како си ги пакува куферите и се подготвува да замине на Евровизија во 2020 во Скопје.
Па, големо БРАВО за нашата Тамара.