Диети

Каква промена, нема би ја препознале – оваа мама ја промени исхраната и изгуби 68 килограми

Реклама
Реклама

На почетокот на 2017 година, животот на Елена Хуарез се променил засекогаш.

Имено, тогаш нејзината ќерка дојде од училиште со порака од медицинска сестра во која таа прашала дали Елена некогаш била тестирана за дијабетес. Во тоа време, Елена имаше околу 117 килограми и беше свесна дека е крајно време за промени за подобрување на нејзиното здравје.

Маркетинг

Таа почна да практикува палео исхрана која се заснова на идејата на враќање кон нутритивно богатата храна од природата од пред земјоделската револуција. Со други зборови, тоа е диета што личи на онаа на нашите предци од каменото време. Покрај тоа, таа одлучи да започне редовно да вежба во теретана и да тренира кик-бокс.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Brh__EvgzxZ/?utm_source=ig_embed

Откако загубила само три килограми за шест недели, таа се откажала од нејзиниот првичен план и се префрлила на кетогена исхрана. Ова бил вистинскиот избор за неа. Килограмите почнале да се топат.

https://www.instagram.com/p/Bs8OSKVgKRQ/?utm_source=ig_embed

 

„Поминаа скоро две години, а сега паднав под 49 килограми, дури не можам да замислам да се вратам во мојата поранешна состојба, тогаш дефинитивно не се чувствував удобно во моето тело”. Кето диетата ми помогна да се здобијам со контрола на храна и тоа беше единствената диета од што се чувствував добро. Можам да јадам она што го сакам и се уште се чувствувам задоволна, и што е најважно, јас сум задоволен со моето тело. Конечно!”, изјави Хуарез.

https://www.instagram.com/p/Brx6SY7Amdq/?utm_source=ig_embed

Таа вели дека е убедена дека нејзината утринска рутина и помогнала да изгуби импресивни 68 килограми, а на Инстаграм ги споделува нејзините фотографии на кои се гледа нејзината неверојатна трансформација.

Еве како започнува нејзиното утро:

6 часот

„Мојот аларм се активира околу 6 часот изутрина, прво за капење и сушење на косата. Потоа веднаш ги будам девојките за да се подготват за школо”, објаснува Елена.

7 часот

Се подготвува појадок сендвич, омлет или некое друго јадење и овошје. „Ние сите обожаваме јагоди, малини и капини, што е одлично за мене, бидејќи таа храна е богата со влакна, а сиромашна со јаглехидрати “, вели таа.

7:45 часот

По заминувањето на децата на училиште, време е за првото утринско кафе.

8 часот

Ова е времето кога пристигнувам на работа и таму доручкувам, ако немам време најчето практикувам да изедам една чаша зрнесто овошје.

Кето исхраната (повеќе за оваа диета прочитајте тука) овозможува бројни комбинации, така што можете да изберете работи како сирење и спанаќ, различни омлети или здрави мафини со јајца и зеленчук за појадок.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button