Каква мајка, такви ќерки – Карлеуша се прошета низ Париз со своите НАСЛЕДНИЧКИ, сите три изгледаат како манекенки
Карлеуша повторно ги воодушеви сите
Јелена Карлеуша дефинитивно е балканската модна икона број еден, а тоа го покажа и со овие свои комбинации.
Имено, контроверзната поп пејачка која со денови беше во центарот на внимението заради својот настап на „Music Week“ фестивалот, овој пат низ Париз се прошета во спортски комбинации во какви ретко ја гледаме.
Овие модни изданија беа нејзиниот моден избор за Градот на светлината каде што замина со своите ќерки за нивниот роденден.
Таа најпрво се прошета во all black издание – црни хеланки и „кроп-топ“ со што носеше и Баленсијага патики.
Вториот ден носеше тренерки во боја на кајсија, бел „кроп-топ“ и влечки, а целото издание го заокружи со пинк афро плетенки.
Како пејачката си минува во Париз заедно со Атина и Ника погледнете од галеријата во продолжение:
Од фотографиите можеме да видиме и дека Атина и Ника од својата мајка го наследиле оригиналниот моден стил.
Атина носеше фармерки, маичка и патики, и исто како и нејзината мајка, носеше чанта од Луј Витон и очила за сонце.
Ника пак низ Градот на светлината се прошета во розова комбинација, маичка и шорц, а сите ја пофалија дека порасната во вистинска убавица.
Само да потсетиме, Атина наполни 13, а Ника 12 години. Тие се родени на ист ден.
Тие се многу популарни на социјалните мрежи и многу брендови сакаат да се рекламираат токму кај нив.
Многумина велат дека се копија на мама, а како што истакнува Карлеуша, тие не се разгалени и ги учи да бидат како неа.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша