Каква мајка, таква ќерка – наследничката на Хелена Роза порасна и изгледа бpyтално, не се знае која од двете е поубава
Познатата поранешна водителка покажа како изгледа нејзината наследничка.
Иако веќе неколку години не живее во Македонија, Хелена Роза е активна на социјалните мрежи, а овојпат покажа како изгледа нејзината ќерка Кјара.
Иако сè уште млада таа изгледа неодоливо, а повеќе од евидентно е дека убавината ја наследила од мама Хелена.
Многу корисници на социјалните мрежи сигурно се сеќаваат на ќерката на Хелена Роза, но Кјара веќе одамна не е она мало девојче каква што ја памтат. Таа порасна во прекрасна девојка, а на фотографиите можеме да заклучиме дека потсетува на својата мајка во нејзините помлади години.
Хелена на „стори“ објави фоотографија од Кјара во костим за капење во када а нејзиното тело е совршенство без маана.
„Моја принцеза“, напиша Роза во објавата од фотографијата од својата наследничка на која таа позира во џакузи и гледа во преубав пејзаж зад неа, но тешко дека некој забележа што има зад неа, сите погледи беа вперени во нејзиното извајано тело.
Шармантната Кјара Голја очигледно дека убавината ја наследила од својата мајка која во деведесеттите беше едно од најпознатите ТВ лица во Македонија.
Шармантната Хелена е сестра на пејачката Ребека Јанковска-Ристески, а пред неколку години се пресели во Нов Зеланд заедно со Кјара и сопругот Игор.
Покрај Кјара којашто ја доби од првиот брак со адвокатот Арбен Голја, Хелена има и син Тиан.
Кјара изгледа како топ-модел и знае како да го привлече вниманието, а мама Хелена горда на нејзината природна убавина.
Додека Кјара од ден во ден созрева, Хелена се чини дека воопшто не старее, а правилото дека жените се како виното го докажува секојдневно.
Мораме да признаеме дека и Хелена како поминуваат годините, изгледа сè подобро и подобро.