Каква бомба е нашата позната пејачка и докторка – и по втората бременост изгледа како милион долари
По неколку години пауза Симона Поповска повторно се врати на нашата музичка сцена
Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска минатото лето го роди своето второ дете.
Пејачката за многу брзо време по породувањето успеа да се врати во топ форма, па денес како мајка изгледа многу подобро отколку кога било досега, велат нејзините бројни обожаватели.
Таа плени каде и да се појави, а нејзините фотографии на социјалните мрежи никого не оставаат рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Симона Поповска
Пејачката со својот сопруг има два сина, Никола и Стефан, а покрај тоа што е фокусирана на кариерата како доктор, Симона оваа година се појави и на Макфест, а потоа сними и спот за својата песна.
Станува збор за песната насловена како „Бакни ме за крај“ и носи силна порака против насилството врз девојките и жените.
Шармантната охргиѓанка во спотот изгледа поубаво од кога било досега, па повеќе од очигледно е дека ужива во мајчинството.
Фото: Инстаграм/ Симона Поповска
Таа на музичката сцена се врати во полн сјај, а неодамна самата откри дека има направено неколку корекции на лицето.
Фото: Инстаграм/ Симона Поповска
Имено, таа во интервју за „Еспресо“ откри дека има ботокс и филер на усните за зголемување, но и дека не би имала ништо против да направи корекција на градите доколку има потреба од тоа.