Италијанците не можат да ги уапсат ове крадци Албанци, поради потполно бизарна причина
Италијанските судии се обидуваат да го осудат крадецот, но не успеале да дознаат кој ја извршил кражбата и кој е обвинет, бидејќи се рбаоти за двајца близнаци.
Судот во Верона го ослободи пред неколку дена Едуард Труши (34) од обвинението за сериозна кражба, бидејќи ниту ДНК анализата не можеше да докаже кој бил на местото на злосторството, дали тој или неговиот брат близнак Едмонд. Неговиот адвокат Фабио Порта вели дека ова не е прв пат да бидат обвинети, но и ослободени. Судот го ослободи неговиот клиент и во 2016 и 2017 година, „бидејќи не можеше да ја идентификува ДНК-та “, изјави тој.
Браќата Труши се етничките Албанци, еднеднојајцени близнаци. Тие подеднакво се облекуваат и ги имаат истите тетоважи, носат толку сличен генетски профил што може да се разликуваат само со отпечатоци од прсти.
Двајцата имаат дебели полициски досие и ги поврзуваат со повеќе од сто кражби во домовите низ северна Италија. Но, докази што ќе ги стават зад решетки се уште нема.