Вести

ИСЧЕЗНА ДЕВОЈЧЕ (12), ОД ВТОРНИКОТ И СЕ ГУБИ СЕКОЈА ТРАГА: Не е видена откако го напуштила станот на родителите кои живеат во Дрезден!

Advertisement

Полицијата апелира до сите кои имаат информации за исчезнатото девојче да се јават

Јолина Р. (12) од Дрезден моментално е исчезната, а полицијата трага по неа од вторникот вечерта.

Advertisement

Девојчето излегло од станот на своите родители околу 18 часот и оттогаш се води како исчезнато, пренесува БИЛД.

„Полицијата ја пребара областа и ги провери познатите локации. Во потрагата беа употребени кучиња и хеликоптер. Лицето што го бараме сè уште не е пронајдено“, изјави портпаролот на полицијата Уве Хофман во средата наутро.

Исчезнатата Џолина е висока 145 сантиметри, витка и има темна руса коса. Кога го напуштила станот, носела зелен џемпер, црни фармерки и бели патики. На грбот имала црн ранец со златен принт.

Според полицаецот Хофман, Џолина не е „типичен бегалец“.

Полицијата во Дрезден ги повика сите кои имаат некаква информација за исчезнатото девојче да се јават.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button