Реклама
Вирално

Исповест на еден печалбар од Германија: „Кога сум дома, сите ми гледаат како Дедо Мраз. Како тука печени кокошки од небо да ми паѓаат!“

Реклама

Дијаспората во земјите од Балканот внесува милијарди евра, а во туѓина не возат автомобили со кои доаѓаат, ниту пак се расфрлаат со пари.

Фото: Илустрација

„Секој месец испраќаме пари дома, бидејќи половина од нашите роднини се невработени, а и оние малкумина што работат или примаат пензија, како ништо да не добиваат. Тие во нас гледаат како во некои магионичари и јас таквата слика не смеам да им ја расипам“ – раскажува еден Сарајлија кој Босна ја напушти во 1994 година и замина на печалба.

„Тие мислат дека мене таму во туѓина печени кокошки ми паѓаат од небото. Не му се лутам никому, н по малку сум изморен од се’, посебно од тоа што станав банкомат од кој се извлекуваат пари“, ја продолжува приказната овој Сарајлија за Ал Џазира. Тој работи во една фабрика, како и неговата сопруга, која во две смени чисти канцеларии и „гланца“ туѓи кујни за да можат да ги школуваат децата, но и да помогнат барем на три поблиски семејства во Босна.

Маркетинг

„Старото БМВ што го купив половно и го чував во гаража до минатото лето, заради посетите во Босна, бидејќи во Германија одам исклучиво со воз, а на пазар со велосипед. Му купив нови раткапни и навлаки за седиште, така што го направив да изгледа како нов. Жена ми и децата испокупуваа дузина маица, здолништа, панталони и уште неколку други работи на распродажба, па откако ќерка ми не’ наговори, ги фрливме ќесињата од тие евтини продавници, и ги препакувавме во некои украсни. Им ги тргнавме и цените, така што не се гледаше колку плативме. Ја земавме целата годишна заштеда, жена ми малку влезе и во минус, па пред две недели дојдовме тука, за да одмориме, а потоа се враќаме со празни џебови“, раскажува за Ал Џазира овој Сарајлија.

Тој вели дека неговата приказна е слична со илјадници други од дијаспората, без разлика од кое место на Балканот се.

Маркетинг

„Некои се снајдоа добро, па и добро заработуваат. Но тие се помудри, попаметни, лете одат на одмор некаде во странство, а ги посетуваат само најблиските роднини, па некако го избегнуваат сето ова. Тој наведе како пример еден негов пријател, иселеник од Добој, кој секоја година подига кредит само кога ќе се врати во својата махала, да биде она што сите очекуваат од него да биде.

Фото: Илустрација

„Потоа кутриот цела година работи за тој кредит, како роб на две-три работи и таман кога ќе се поврати малце, повторно доаѓа време за годишен во Босна. Ама најлошо ми е кога ќе ми кажат ‘Лесно ви е на вас’. И тогаш јас ќе замолчам. Зошто некому нешто да му објаснувам?“ се прашува тој, а неговата ќерка која има 22 години и студира во Хамбург, додава:

„Знаете ли како изгледа нашиот престој тука – кога ќе дојдеме сите ќе се соберат, прво потесното семејство, а потоа и поширокото, а набргу почнуваат да доаѓаат и комшиите. Прво е онаа фина и весела приказна – како си, каде си, супер си… сето тоа со кафенце, пијалак и колачиња, додека ние ги делме оние кесиња со подароците. А потоа започнува кукањето и мојот татко, кој се уште не закрепнал потполно од раните во војната во Босна, вади пари, и јас не знам од каде.“

„Мајка ми молчи, а знам дека во себе брои колку дал, дека размислува кога ќе се вратиме од чиј стан да започне со чистење и пеглање“, вели ќерката.

Таа исто така се прашува зошто нејзините роднини само седат по кафулиња, и ништо не работат.

„Кога веќе немаат работа за она за што се школувале, зошто не работат нешто друго? Мислам дека на мојот татко би му било полесно да дигне кредит и да насадат малини или да започнат некој мал бизнис, отколку вака секоја година да им испраќа – како да истура вода во шупливо буре“, вели таа и додава дека за време на студиите покрај учењето редовно и работи нешто за да има за џепарлак.

Од друга страна пак, Аднан М. Од Зворник, постдипломец во Америка, како што вели самиот лут им е на роднините што никој од нив не може да сфати дека не е никаков богаташ. Тие чекаат од него да им купи автомобил, а не се свесни дека тој не може ни самиот за себе да си купи. Но сепак, како што вели тој, не сака да им признае дека всушност нема пари.

Па како да им го кажам тоа? Па тука е срамота некој од дијаспората да каже дека нема пари, вели тој луто и додава дека порано мислел по враќање во Америка да бара некој инвеститор со кој ќе се врати во Босна и ќе започнат некој мал бизнис, но ни тоа нема да може да го направи.

Извор: Ал Џазира

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button