Исповедта на Атиџе: „Толку ме болеше што сакав да си го Oдзeмам животоT, но МОРАВ да живеам за да се грижам за мојата болна мајка“
Хероината од Медена земја, Атиџе Муратова, во своето интервју за Ал Џезира зборуваше отворено за својот живот.
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беше номиниран во две категории за Оскар. Филмот иако не ја освои престижната награда, според многу познати филмски критичари тој победи и со самата номинација, односно учеството на Оскарите каде главната хероина со својата појава ги освои сите.
И тоа посебно затоа што беше номиниран во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм – нешто што се случуваат за прв пат во историјата на Академијата за филмска наука и уметност.
Приказната е за Атиџе од селото Бекирлија, последната негувателка на диви пчели во Европа и нејзиниот напор да ги спаси од алчноста на луѓето. Филмот веќе ја има освоено главната награда од страна на жирито на најголемиот светски фестивал за независен филм „Sundance“. И тоа е сосем доволно, доволно за да се преживее зимата и да се тргне во нови потфати. А Атиџе и екипата на Медена земја засекогаш ги поместија границите на македонската кинематографија и докажаа дека кога нешто се сака, онака со вистинска љубов и од срце, тогаш и невозможното станува возможно.
Впрочем исто како и љубовта на Атиџе кон пчелите која секогаш половина од медот ќе земе за себе, а другата половина ќе им ја остави за да имаат храна преку зима. И како што вели таа во интервјуто, и неа пчелите и помагаат за да ја помине зимата и да има нешто пари во рацете.
Но да се биде Атиџе не е лесно. Таа до вчера живееше во селото Бекирлија, меѓу ридовите и остатоците од камените ѕидови кои некогаш биле полни со живот. Денес таму освен неа никој не живее, а можеме само да претпоставиме како ќе и биде на нашата главна хероина откако ќе се врати од Лос Анџелес во своето родно место. И кога некогаш повторно ќе седне покрај огнот, под отворено небо, сама и во близина на своите пчели, кои како што самата вели и донеле среќа во животот и за тоа секогаш ќе им биде благодарна.
„Пчелите ги чувствуваат временските пригоди и кога доаѓа јака зима тие прават повеќе мед, за да можат да преживеат до пролетта. Тогаш пчеларите треба да им земаат само половина од медот за да можат да преживеат. Кога не очекува блага зима, пчелите прават и помалку мед, затоа што тоа им е доволно за живот, но луѓето тоа не го разбираат и ги напаѓаат пчелите дека собрале малку мед и зборуваат дека годината не е добра. На мене пчелите ми помагаат и јас полесно да ја поминам зимата и да имам нешто пари во рацете“ вели Атиџе за своите вредни „пријателки“ во интервјуто за „Ал Џазира“.
Таа меѓудругото се присети и на најтешката ситуација што и се случила во животот. Тоа било кога ја нападнал песот на соседите и кога за малку ќе го изгубела животот. Се разбудила во болница, со рани на лицето…
„Беше тешко, но оставив уште потешки работи зад себе. Пред девет години, бев нападната од кучето на соседите. Тоа е куче на семејство прикажано во Медена земја, ми нанесе тешки повреди на лицето и телото. Моќта да продолжам да живеам ми ја даде мајка ми за која требаше да се грижам. Таа беше сериозно болна и што би правела без мене? Бев на работ, сакав да си го одземам животot, бев толку повредена, сè ме болеше и добивав силни лекарства. Одев во шталата кај кравите за да плачам таму, не сакав мајка ми да ме види тажна“, вели Атиџе во разговорот.