Koгa заминав за Чикаго, едвај чекав да се вратам дома, да ги видам најблиските.
Но, кога ќе дојдам постојано ми се поставуваат прашањата дали добро заработувам, како живема.Не сакаат само додека им испраќаме пари, а инаку за нив сме идиоти. Секој месец испраќаме пари, бидејќи половина од роднините се невработени, а и тие што работат или примаат пензија, исто како и да немаат пари.
Тие во нас гледаат некои магионичари и јас таа слика не смеам да им ја расипам. Некогаш ќе се обидев да има кажам како тешко работам, но овие моиве како да се глуви, никогаш не ме слушаат. И луѓето на граница, кога ќе видат дека доаѓа дисјаспората, на се, се спремни.
А мојот град, се повеќе не личи на себе. Сите се жалат и на никој не му е добро. Мака ми е од такви приказни.Имаше роднини кои ме поминуваа на улица, а сега ми пишуваат на фејсбук секој ден, како ми е, и каква е процедурата за да дојдат!