Исплови фотографија од сопругот на Каролина во жeшкo издaние – ЗГOДНИOТ Михаил ќе ви го разубави денот (фото)
Една од нашите најпознати пејачки, Каролина Гочева, реши овие студени и зимски денови да ги помине опкружена со своите најблиски и пријателите.
Таа ужива во брачниот живот со својот сопруг, а како што самата изјави неодамна, тие во бракот одлично функционираат.
И кога се по дома, како на пример за празниците, Каролина е таа што најчесто експериментира во кујната.
„Сакам да испробувам најчудесни јадења од било која страна на светот“, изјави таа во една пригода во „Ексклузив“.
Гурманка, но со усул
Пејачката деновиве на Инстаграм сподели и персонализиран план за исхрана, кој им го препорача на своите фанови.
Од нејзините објави можеме да заклучиме дека е гурманка, но и дека знае како да води грижа за своето здравје и изглед.
Таа за време на новогодишните празници реши на социјалните мрежи да ги сподели со фановите и најубавите моменти од изминатата година.
Од фотографиите можеме да видиме како пејачката изгледа додека трча во природа или кога вози велосипед, но она што исто така не помина незабележано беше и разголеното тело на нејзиниот сопруг Михаил Корубин.
Во прашање е фотографија на која тој носи шорцеви и раскопчана кошула, а во преден план е неговото убаво тело.
Каролина дефинитивно знае како да се опушти покрај саканиот, а колку се тие задоволни и среќни од љубовта погледнете во продолжение.
Имено, на социјалните мрежи и двајцата не ретко објавуваат фотографии од нивните заеднички моменти.
Посебно кога патуваат на некои егзотични дестинации каде можат максимално да уживаат во својата љубов.
Нормална жена
Каролона во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.
„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“. Таа тогаш истакна и дека би сакала наскоро да се реализира како мајка, но како што вели, за сé треба трпение бидејќи „животот самиот ги планира работите“.
Погледнете уште неколку фотографии од познатиот пар кој во 2016 се заколна на вечна љубов.
Фото: Инстаграм/ Михаил Корубин
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Михаил Корубин
Фото: Инстаграм/ Михаил Корубин
Фото: Инстаграм/ Михаил Корубин
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Михаил Корубин
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева