Исплови фотографија од новосадската Барбика – пејачката ФАТЕНА во необично издание
Познатата пејачка Наташа Беквалац знае како да го привлече вниманието
Таа отсекогаш важела за една од најубавите жени меѓу пејачките во регионот, а ја носи и титулата новосадска Барбика.
Таа на големо се подготвува за својот голем концерт во Арена, сега преку Инстаграм сподели и како течат подготовките.
Имено, Беквалац на нејзиниот профил на споменатата социјална мрежа сподели снимка од теретана, а многумина заклучија дека пејачката се подготвува за својот солистички концерт бидејќи сака да биде во топ форма.
„Понеделник“, напиша таа.
Нејзините фотографии секогаш „се поплавени“ од позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед, а многумина сега коментираа дека пејачката никогаш не била во подобра форма, а тоа можевме да го видиме и на црвениот килим на доделувањето на „MAC“ наградите.
Имено, таа на овој настан се појави во необична креација со потпис на нејзината сестра, а со која во центарот на вниманието ги стави своите згодни нозе.